Пратеникот од Златна зора е уапсен во близина на Атина – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/18 8:23 AM

Пратеникот од Златна зора е уапсен во близина на Атина

Пратеникот на Златна Зора кој повика на воен удар од говорницата на грчкиот паралемент, а кој беше во бегство два дена, синоќа бил уапсен.

Тој бил лоциран од единицата за борба против тероризам во градот Пентели во куќа на свој пријател.

Кога куќата била опколена, Констанинос Барбариус сам се предал на полицијата и не давал отпор.Потрагата по него траеше од петокот, кога обвинителството издаде налог за негово апсење.

Тој се бараше за две кривични дела – повик за државен удар и насилен прекин на демократијата и убиство врз пратениците.

Барбарусис за време на расправата кажа „ Почна распарчувањето на Грција. Затоа што раководството на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за свои сопствени интереси, го повикувам воениот врв во земјата да ја почитуваат заклетвата која ја имаат дадено и да го уапсат премиерот Ципрас, министерот за одбрана Каменос и претседателот на државата Павлопулос, за да се спречи ова предавство“ рече Барбариус.

Пратеникот успеа да и побегна на полицијата во петокот вечерта, кога  не застана на полицискиот знак, туку со брзина од најмалку 180 км ја поминал патролата и избега.

Пратеникот е пренесен во главната полициска станица во Атина.