Евакуиран камп за деца поради пожар во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 3:15 PM

Евакуиран камп за деца поради пожар во Грција

Околу 400 деца евакуирани денеска од летен камп организиран на Коринта, поради шумски пожар кој се појавил во негова близина и силен ветер кој дувал.

Во гасење на пожарот учествувале повеќе од 80 пожарникари и полициајци, два авиони за гаснење пожар и еден хелихоптер, пренесува АР.

Како што навеле официјалните лица, кампот за околу 400 деца е евакуиран и децата се префрлени на сигурно.

Шумските пожари вообичаени се во Грција во текот на летото, а во големиот пожар кој избувна во 2018 година кој се појави во атинскиот регион настрадале околу 100 личности.