Од свлечиште на земја 14 загинати и исчезнати во Кина – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 2:06 PM

Од свлечиште на земја 14 загинати и исчезнати во Кина

Во поплавите и по свлечиштето на земјата во Кина загинале и исчезнале најмалку 14 луѓе во изминатите 24 часа, покажал официјалниот извештај.

Шест лица се уште се водат како исчезнати во сиромашната покраина Гуижоу, на југозападниот дел од земјата, ден по свлечиштето на земјата во три села.

Во Тонгрен, планинска подружница околу 1500 km југозападно од Шангај, 19 куќи биле затрупани, а 60 биле оштетени, соопштиле властите. Најмалку 156 луѓе морале да змаинат од својот дом.

Спасувачите трагаат за преживеани на тешко достапните терени.

Во уште еден одрон кој вчера ја погоди покраината Хубеј во средниот дел на земјата, погинале осум луѓе, известила јавната телевизија CCTV.

Југот на земјата беше погоден од обилните врнежи од дожд на почетокот на јуни, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплавите.

Најмалку 120 луѓе се убиени и исчезнати во поплавите низ целата земја годинава, со штета проценета на 5,2 милијарди евра, јавува Народни Дневник.

Тоа е тежок удар за економијата која веќе претрпе загуби како резултат на епидемијата „ковид-19“.

Во провинцијата Хубеи, каде се појави вирусот минатата година, обилните дождови предизвикаа поплави.