Невести во снежно бели фустани на протест во Рим кај легендарната „Fontane di Trevi” побараа да се дозволат свадбените церемонии.
„ Протестирам, затоа што сакам да се омажам! Мојата свадба мораше да биде одложена за наредната година. Договорив се со свештеникот, но со рестораните и салоните за убавина не успеав да се договорам “, вели една од учесничките во протестот, пренесува Rent TV.
Идните невести истакнаа дека сакаат гости, неограничена веселба, танцување до утринските часови, а наведуваат и дека постои ризик дека младоженците додека ги чекаат укинувањата на ограничувањата може да се премислат.
Привремената забрана за раскошни прослави е воведена заради пандемијата, а невестите одбиваат да ги исполнат законите.
Се истакнува дека проблемите со регистрирање на брак поради корона вирусот не се појавуваат само во Рим. Властите на државата Њујорк поради епидемијата дозволија официјално склучување на бракови по пат на видео врска.
Извор : kurir. rs