Зошто се добри честите дружби на децата со тетките? – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 7:46 PM

Зошто се добри честите дружби на децата со тетките?

Врската помеѓу родителот и детето е најјака на светот, но не треба да се заборави и на останатите членови на семејството. После родителите, најважната личност во животот на детето е тетката. Со неа се поврзани драгоцени моменти од текот на растењето на детето, а да се биде добра тетка значи да се вложува огромен труд и многу љубов.

Тетката може да му долови на детето целосно поразлична претстава за животот, од онаа што ја имаат родителите. Тетката секогаш ќе биде тука за да му подаде рака на детето, без да морализира премногу.

Тетката секогаш  ќе дојде  за време на празниците. Таа за внуците би дошла и од друг град и тоа со преубави подароци.

Со тетката секогаш е забавно. Таа е расположена и вообичаено ги знае сите успеси, но и неуспеси на своите внуци.

Детето може да добие безброј бакнежи и прегратки од својата тетка. Тетките не ги гледаат своите внуци секој ден, па во меѓувреме во нив може да се насобере многу нежност.

Кога детето се плаши да ги сподели своите проблеми со родителите, тетката секогаш ќе биде тука за него.

Тетките со задоволство ги чуваат своите внуци, особено кога се мали и кога родителите немаат кому да ги остават.

Кога ќе се роди нов внук или нова внука, тетката се чувствува уште попосебно. Колку повеќе внуци, толку повеќе тетките се посреќни.

За сите убавини кои ги даваат, на тетките треба да им се заблагодариме од срце, бидејќи нивното присуство е драгоцено.

 

Извор:  uspesnazena.com