Најубавите цитати за мајките – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 7:10 PM

Најубавите цитати за мајките

Независно од тоа колку години сме или во каква ситуација се наоѓаме, сите чувствуваме неизмерна љубов и почит кон нашите мајки. Поводот да и’ покажете на вашата мајка дека сте и’ благодарни за се’, го има секојдневно на секој чекор. Поради тоа, во продолжение ви ги „сервираме“ најубавите цитати за мајките.

Мајката е личност која, кога ќе види дека има само четири парчиња пита за петмина луѓе, ќе каже дека таа никогаш не ни сакала пита.

Да бидете мајка со полно работно време е една од најдобро платените работи, со оглед на тоа дека како плата се добива чиста љубов.

Мајките се раѓаат во истиот момент кога се раѓаат и нивните деца. Пред тоа мајката не постоела. Постоела жена, но не и мајка, бидејќи тоа е нешто потполно ново.

Мајките никогаш не се сами со своите мисли. Мајките размислуваат два пати. Еднаш за себе, еднаш за детето.

Мајките го разбираат она што детето никогаш го нема изговорено.

Мажот ја сака својата девојка најмногу, својата сопруга најдобро, а својата мајка најдолго.

Бог не може да биде секаде, па затоа ги создал мајките.

На светот постои само едно најубаво дете и секоја мајка го има.

 

Извор: femina.rs