Парк Вон-сон, градоначалник на Сеул, главниот град на Јужна Кореја, исчезна, а полицијата е во интензивна потрага по него. Полицијата соопшти дека од утrинава го бара во населбата Сеонгбук, каде што неговиот мобилен телефон последен пат бил лоциран. Исчезнувањето го пријавила неговата ќерка.
И кабинетот на градоначалникоt потврди дека тој не се појавил на работа од непознати причини и оти ги откажал сите закажани обврски.
Парк е долгогодишне активист и правник што се занимава со човекови права. Градоначалник на Сеул е од 2011 година, а лани во јуни му почна третиот и последен мандат. Член е на Демократсkата партија, а се споменуваше и како претседатекски кандидат за изборите во 2022 година.