На претстојните Парламентарни избори, меѓу странските набљудувачи се акредитирани и осум набљудувачи од Унгарија. Ова е втората најбројна набљудувачка мисија на амбасада, по таа на Америсканската амбасада, која на овие избори е под трациционалната бројка и процесот ќе го следи со 27 набљудувачи.
Унгарија, земјата каде пребега поранешниот премиер Никола Груевски, се’ до Предвремените парламентарни избори во 2016 година, немаше интерес да ги следи македонските изборни процеси. Во 2016 година имало тројца наљудувачи, од кога бројката почнува да расте. На Локалните избори во 2017 година, Унгарија е со четврица набљудувачи, додека Претседателските избори во 2019 година, покрај набљудувачкиот тим петмина акредитирани од Унгарската амбасада, процесот го следеле и младите сили на партијата на премиерот Виктор Орбан, Фиделитас – унгарска младинска политичка организација, која во Македонија била присутна со шест набљудувачи.