Аргентина веќе не може да ги отплаќа долговите, досега има банкротирано веќе деветпати – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 11:51 AM

Аргентина веќе не може да ги отплаќа долговите, досега има банкротирано веќе деветпати

Деветпати досега Аргентина има потонувано во банкрот. Земјата позната по квалитетното говедско, по житата, одличниот фудбал, гаучосите, тангото, сега настојува да се извлече со нова, квалитетна понуда пред кредиторите за барем малку да го намали оптоварувањето од 65 милијарди долари надворешен долг и да го избегне исклучувањето од светскиот финансиски пазар, пренесува „Вечерњи“.

„Ќе поднесеме голем напор за да го одржиме својот збор. Ова е навистина максималното што можеме да го направиме“, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандез.

Првиот аргентински банкрот бил уште во 1827, само 11 години по осамостојувањето на земјата.