Запалена, па отстранета скулптура на Меланија Трамп во Словенија – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 8:23 AM

Запалена, па отстранета скулптура на Меланија Трамп во Словенија

Скулптурата од дрво на првата дама на САД, Меланија Трамп, во близина на Севница, нејзиниот роден во Словенија, е отстранета откако била запалена на Денот на независноста на САД, 4 јули.

Автор на скулптура беше американскиот уметник Бред Дауни. Многумина Словенци сметаа оти дрвената скулптура е срамна зашто повеќе наликувала на Штрумфета отколку на Маланија.

Засега не е познто кој и зошто ја запалил, пишува Би-Би-Си.

„Истрагата за случајот е во тек, па не можеме да откриваме детали“, изјавиле од словенечката полиција.

Во јануари годинава голема дрвена статуа што наликуваше  на Доналд Трамп, дизајнирана од локален уметник, беше запалена во словенечкиот град Моравче.