САД: Еден загинат, 20 повредени во пукотници на фестивал – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/18 4:04 PM

САД: Еден загинат, 20 повредени во пукотници на фестивал

Едно лице го загуби животот, а 20 се повредени во пукотници на уметнички фестивал во американскиот град Трентон во Њу Џерси.

Инцидентот се случил рано утрово по локално време. Присутните во паника почнале да бегаат од местото на инцидентот, а се претпоставува дека лицето кое загинало е осомничено за нападот.

Од 20 повредени, 16 лица се ранети од огнено оружје, додека четворица од нив, вклучувајќи 13-годишно момче, се во критична состојба, соопштија властите.

Според нив, две лица отвориле оган околу 2.45 часот по локално време на уметнички фестивал на кој се претставени локална музика, храна и филм.

Еден од осомничените, 33-годишен маж загинал, додек другиот осомничен е во притвор.

Американските власти наведуваат дека околу илјада лица присуствувале на настанот кога почнале пукотниците.

Извор: МИА