Кадиица го доби првиот целосно опремен Планинарски дом – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 4:29 PM

Кадиица го доби првиот целосно опремен Планинарски дом

Кадиица и Пехчево го добија првиот Планинарски дом во регионот кој е целосно опремен од вредните раце на планинарот Марјан Митриновски. За да се уреди неговата внатрешност и надворешност, како што истакна пехчевскиот планинар, беше потребен долг период, по кој конечно, Планинарскиот дом целосно е опремен и целосно ставен во функција на планинарите и гостите намерници, кои го искачат еден од највисоките врвови во Пехчевскиот регион.

-Планинарскиот дом се наоѓа во месноста „Буновето” во близина на селото Спиково, на околу 1400-1500 метри надморска висина. Домот располага со 10 легла, граден е во приватна режија и на приватен имот. Се надевам дека добро ќе им служи на планинарите за кои сметам дека е доволен простор и за засолниште и за било какво друго користење за кое ќе имаат потреба, вели Митриновски.

Местото е на одлична локација, бидејки, како што посочи, пехчевскиот планинар, оттаму се гледаат најгочем дел од планините во Источна и дел од Јужна Македонија.

-Од левата страна во хоризонтот се гледа Беласица, од десната страна е Руен, Осогово, врвот Лисец се гледа на Плачковица и целата Малешевска планина и Огражден. Зад нас се наоѓа планина Влаина и врвот Кадиица, нашиот патрон на друштвото. Прекрасен поглед, кој треба да се доживее, рече Митриновски.

Додаде дека секоја заинтересиран кој сака да го користи Планинарскиот дом може да го контактира, а воедно, како што вели, останува на располагање и за време на одржувањето на планинарски маршеви со познатиот врв Кадиица.