Фернандо Алонсо стана пилот на „Рено“, објавено е на официјалната веб-страница на тимот од Формула 1.
Во известувањето стои дека Шпанецот ќе стане партнер на Естебан Окон во сезоната 2021 година.
Во медиумите има информации дека Алонсо потпиша договор на две години со можност за обновување на уште една година.
Триесет и осумгодишниот Алонсо, претходно ги „бранеше“ боите на „Рено“ од 2003 до 2006 година и од 2008 до 2009 година.