Пејачот Мишко Крстевски стана дедо, се роди Мишела – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 1:36 PM

Пејачот Мишко Крстевски стана дедо, се роди Мишела

Популарниот фолк пејач, Мишко кстевски стана дедо. Тој денес од помалиот син и снаа ја доби внуката Мишела. Среќната вест за  раѓањето на внуката Мишко ја сподели на социјалните мрежи:

-Денес станав дедо, а мојата љубов Сунчица стана баба. Добивме внука од синот и снаата. Фамилијата ни се зголеми и еве песна за добредојде на Мишела.  На сите ви посакувам да доживеете ваква среќа, напиша тој и во чест на внуката ја запеа „Мишел“ од „Битлси“ и за mms.mk додаде:

 

„ Ова ми е внука од помалиот син а и постариот кај и да е ќе се среди. Му благодарам на Бога се е во ред. Здрави се и добри и бебето и мајката. А за тоа дали ќе биде пејачка, ништо чудно. Мајка и е пее во “Про Арс” на Татарчевски и е со музичка академија, син ми е компзитор, сите пееме во семејството“, рече среќниот дедо.