Во името на Отецот и Синот: Нигериски свештеник украл автомобил зашто ѓаволот така му рекол – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 10:09 AM

Во името на Отецот и Синот: Нигериски свештеник украл автомобил зашто ѓаволот така му рекол

Свештеникот Џереми Ехиндеро од црквата „Исус чудотворц“ во Нигерија неодамна посетил плац за продажба на половни автомобили со желба да купи џип „тојота“ за да го користи во црковната работа. Откако ја договорил ената од 3.000 долари, свештеникот го добил возиото на пробно возење пред да ја плати договорената сума. Но, заминал во непознат правец и не се појавил на плацот повеќе од 24 часа, па сопствениците повикале полиција.

Полицајците веднаш заминале во црквата каде што работел свештеникот, каде го затекнале со уште тројца пријатели. Рекле дека џипот го продале за 1.650 долари.

На прашањето зошто го украл автомобилот, свештеникот одговорил дека ќаволот го присилил на тој потег и оти донациите во неговата црква се мног мали, па морал да го украде возилото за да врати банкарски долг.

Полицијата не му го простила гревот, останува да се види што ќе каже судот.