Властите во Австралија поведоа судска постапка поради сомневањата дека рекордниот пораст на бројот на заразени со коронавирусот во австралиската држава Викторија и причините за воведување на нови мерки на карантин во Мелбурн и во уште една област се предизвикани од секс-скандал. Имено, сомнежот е дека вработени не ги почитувале протоколите во хотели користени за карантин по прситигнувањето на патници од меѓународните летови. Тоа непочитување на мерките вклучувало и сексуални односи со гостите во текот на престојот во карантин, пренесува „Новости“.
Премиерпт Ендрјуз најави дека Владата ќе издвои три милиони долари за истрага. Тој претходно рече дека многу случаи на зараза во текот на минатите два месеца најверојатно произлегуваат од прекршувања во текот на карантинските програми во хотелите, каде патниците од странство мораат да поминат 14 дена во карантински услови.
Националната телевизија Еј-Би-Си наведува дека 31 случај на зараза со Ковид-19 бил поврзан со хотелот „Стемфорд плаза“, а другите, пак, со хотелот „Свенстон хотел“ во Мелбурн.
Карантиските мерки ќе важат од вечер во следните шест недели, пренесува агенцијата „Ројтерс“.