Пред зградата на Германската амбасада во Босна и Херцеговина, утрово беше формирана голема редица на граѓани, кои чекаат дозвола за работа во оваа земја.
Репортерот на порталот Радиосараево.ба се најде на местото на настанот, каде што сними голем број млади луѓе, кои чекаат во редот, со надеж дека ќе ги реализираат и ќе ги добијат потребните документи за работа во Германија.
Во согласност со постепеното започнување со работа на Одделот за визи на Германската амбасада во БиХ, Агенцијата за труд и вработување на Босна и Херцеговина ги извести кандидатите, кои аплицирале за виза за работа преку оваа институција, дека можат да ја подигнат својата документација само на денот кога е закажуван состанок за поднесување на апликации за виза во Амбасадата.
Пријавување за виза првично е можно за следниве категории :
• семејно обединување;
• стручен персонал и високо квалификуван персонал, чие вработување е неопходно во економски аспект и чија работа не може да се продолжи или да се изврши во странство;
• студенти чии студии не можат целосно да се реализираат од странство.
Тексти и фото: Радиосараево.ба