Кафе 7, кебап 48, а лежалка 75 евра ова се цените за ова лето во Бодурм – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 8:55 AM

Кафе 7, кебап 48, а лежалка 75 евра ова се цените за ова лето во Бодурм

Британските туристи, кои за прв пат ја посетиле Турција, ги вознемирија неразумните цени на едноставната човечка радост и вистинска борба за плаќање лежалка на плажа. Некои држави веќе ја отворија туристичката сезона и почнаа да организираат аранжмани, но нивните одмори повеќе не изгледаат толку привлечно како пред пандемијата со Ковид 19, пренесува Bankar.me.

Британците беа помеѓу првите што ја отворија туристичката сезона во Турција, но се жалат на социјалните мрежи поради неочекувано високите цени во туристичките хотели, кои во светот биле познати пред пандемијата и со по пристапни цени и „all inclusive“, пишува British Mirror.

Бидејќи пола сезона останаа без туристи, турските хотели одлучиле да го надоместат губитокот со покачување на цените за туристите кои не се задоволни со овој потег.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од сметки од баровите во хотелите, каде цените за вообичаени туристички деликатести – кебап и кафе се неверојатни. Кафе во одмаралиштето Бодум чини 7 евра, а 48 евра кебап.

Доказ за претраните цени објавени на социјалните мрежи се од Британец кој одлучил одморот да го помине во Бодрум, Турција на егејското крајбрежје.

И покрај високите цени во баровите, побарувачката за лежалка покрај базените расте помеѓу туристите, толку многу што мора буквално да се „тепаат“ за место на сонце. Туристите пак од соседните хотели мора да платат дури и до 75 евра за да изнајмат лежалка на приватна плажа.Тој износ вклучува храна, пијалок и забава, што до некаде цената е оправдана.

Како одговор на критиките за високите цени, градоначалникот на Бодрум Ахмет Арас го свртел вниманието на кризата и невработенсота која Турција ја претрпела во туристичката индустрија. Сезоната која обично започнува во мај одложена е поради пандемијата со Ковид 19.

„Градот има право да го извлече секој последен цент од туристите“, изјавил градоначалникот.

Градоначалникот напоменал дека се уште постојат места во Турција каде кебап чини 20 турски лири, што е нешто помалку од 2,6 евра. Иако пред карантинот најниската цена на кебапот чинела и пониско од оваа цена.

„Малите претпријатија во Турција се тешко погодени. Луѓето во секторот туризам и услуга едвај составуваат крај со крај“, изјавил градоначалникот и изразил загриженост.