По деветти пат генерациска срадба на резервните офицери на ШРОП во Билеча – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/18 10:50 AM

По деветти пат генерациска срадба на резервните офицери на ШРОП во Билеча

 

По деветти во Билеча, Босна и Херцеговина се одржува генерациска средба на питомци и офицери од некогашната Школа на резервни офицери /ШРОП/.

На средбата во организација на Здружението /ШРОП/Билеча присутни се учесници од сите некогашни ЈУ Републики. Од Македонија заминаа 75 учесници, а најмногубројни се од Словенија.

Овие резервни офицери сега се во состав на Армиите во нивните држави со чинови од поручник до пуковник.

Во Столац беше присутен и амбасадорот на Република Македонија во Босна и Херцеговина, Александар Крстевски.

Централната свеченост на средбата која што започна во петок и ќе трае до недела, се одржува денеска.

Предвидено е одржување на свечена смотра, а нема да изостане ниту војничкото гравче.