Челзи е единствена опција за Хаверц летово – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 6:22 PM

Челзи е единствена опција за Хаверц летово

Иако се уште не е почнат летниот трансфер период, со сигурност може да кажеме дека екипата на Челзи е најактивна и периодот на апстиненција од маркетот, „сините“ од Лондон сега почнаа да до надокнадуваат.

Последното име што подолго време се врзува со тимот на Лампард е младиот германски репрезентативец, Каи Хаверц. Сезоната во Германија е завршена, Баер Леверкузен не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите, а со самото тоа статусот на Хаверц во Леверкузен почнува да се менува. Во саботата тој беше стрелец на гол од белата точка против Баерн Минхен, во поразот од 4:2 во финалето од германскиот куп.

По завршувањето на финалето, Хаверц и челниците на Леверкузен дискутирале за неговата иднина и се согласиле дека неговото менување на средината е неизбежно. Најзагреан за неговите услуги, секако е англискиот Челзи, кој летово прави мини-револуција и се обидува следната сезона да биде главен конкурент за тронот во Премиер Лигата.

-Нема што конкретно да се каже, нема засега конкретна понуда. Во овој момент Каи е наш играч. Ние имаме свои идеи, знаеме што може тој да направи. Јас лично се надевам дека ќе остане со нас уште една или повеќе години. Но, имаме договор. Ако се почитува, тој може да си замине летово, изјави Руди Фелер за германски „Bild“.

Офанзивниот плејмејкер го посакува предизвикот наречен Премиер Лига и изразува амбиција веќе следната сезона да заигра во најдобрата светска лига и под водство на Френк Лампард.

Цената која Леверкузен ја има поставено за Хаверц, одвраќа многу големи клубови заинтересирани за него и го остава единствено Челзи во игра, затоа што Челзи е подготвен да ги плати 100-те милиони евра и да го комплетира средниот ред и нападот за 2020/21.