Јан Весели и Нандо Де Коло остануваат во Фенер – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 4:14 PM

Јан Весели и Нандо Де Коло остануваат во Фенер

Француската ѕвезда, Нандо Де Коло и чешкиот центар и некогашен играч на Партизан и Филаделфија, Јан Весели, остануваат верни на Фенербахче.

И покрај шпекулациите, двоецот останува во Истанбул и следната година и ќе се бори за највисоки дострели под палка на новиот тренер, Игор Кокошков. Францускиот плејмејкер потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година, а Весели ќе го испочитува постоечкиот договор кој трае до 2022 година.

Во претходната нецелосна сезона, Де Коло постигна 15.9 поени во просек по натпревар и 3.0 асистенции во 24 меча во Евролигата, додека пак Весели постигна 8.6 поени во просек, 1.6 асистенции и 4.2 скокови во просек по еден натпревар.

Фенербахче ги сортираше двајцата важни играчи, но иднината на грчкиот плејмејкер Костас Слукас, засега останува непозната. Наводно Барселона се интересирала за неговите услуги.