Патувањето од соништата му се пртвори во пекол- Естонец 110 дена живее на аеродромот во Филипини – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 3:07 PM

Патувањето од соништата му се пртвори во пекол- Естонец 110 дена живее на аеродромот во Филипини

Еден турист од Естонија тврди дека веќе 110 дена живее на напуштен аеродром на Филипини, каде останал заробен поради пандемијата на коронарен вирус. Роман Трофимов останал заглавен на аеродромот за време на „патувањето од соништата“ по Југоисточна Азија.

Туристот од Естонија тврди дека со месеци јаде и спие на аеродромот во Манила. Тој рече дека одржува лична хигиена во тоалетите на аеродромот. Трофимов апелира да се спаси од аеродромот, каде што е од 20 март, откако пристигнал од летот од Бангкок, пренесува „Мирор“.

https://www.facebook.com/roman.trofi.18/posts/148800010182121

Фотографиите на Фејсбук каде ја споделува својата необична авантура покажуваат дека тој има долга брада, и тврди дека преживува благодарение на храната и грицките кои му ги дава персоналот. Тој исто така сподели фотографии од неговите „оброци“, на кои се гледа шише вода и чоколади. Му било речено дека мора да остане таму додека не се сменат правилата за карантин.

Очајниот турист моли за помош и вели дека аеродромот изгледа како град на духови – персоналот ретко се гледа, а повеќето авиони се приземјени. Како што рече, спие на метални столици и студениот под на аеродромот. На крајот, естонскиот конзулат успеа да му помогне и тој беше префрлен во патничкиот салон на 1 април. Како што рече на Фејсбук, тој цела година птедел за патување од соништата. Тој патувал во Југоисточна Азија кога започнал карантинот и тврди дека неговиот пасош бил одземен. Тој посочи дека се чувствува како затвореник и дека ја замолил амбасадата за помош, но дека таа не можела да му организира повратен лет. Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека е свесно за неговата состојба и бара начин како да го однесе дома.

https://www.facebook.com/roman.trofi.18/posts/150062026722586