Зошто се охридските цреши уникатни- Вековна традиција на одгледување – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 3:04 PM

Зошто се охридските цреши уникатни- Вековна традиција на одгледување

Секое катче и улица во Охрид си има свое посебно обележје, сите знаат дека градот изобилува со вековна традиција, а езерскиот мирис и стрмецот оддава чувство на смиреност и релаксираност.

Но, покрај што ќе ги насладите очите ако појдете во Охрид, ќе го насладите и сетилото за вкус. Ако во Тетово не може да не пробате јаболко, во Кавадарци грозје, во Охрид мора да го почуствувате вкусот на уникатната охридска цреша( черешна)  која се карактеризира со многу крупни, цврсти , вкусни, извонредно квалитетни плодови кои доцна созреваат. Токму во периодов кога сите преферираат полесна храна и повеќе овошје и зеленчук, црешата е често дел од ужинките.

  • Што ја прави охридската цреша поинаква?

Производството на охридска цреша е поврзано со многу фактори како што се климатските услови, социо-економските услови и традицијата на одгледување. Охридските цреши претставуваат интересен локален сортимент.

Охридската цреша е прв македонски производ со заштитена географска ознака, односно претставува национален бренд. Овошјето се карактеризира со сладок и хармоничен вкус.

-Најважниот фактор за квалитетот на охридската црежа е поволната географска местоположба заедно со карактеристиките на климата, поволни за одгледување на овошје. Охридската котлина е и климата е класифицирана како локално- континентална. Просечната температура во текот на годината  е 11 степени целзиусови, додека во месец јули, измерената просечна температура изнесува 21 степен целзиусов, а со 34 степени целзиусови во месец август е постигнат максимумот, и токму затоа регионот е еден од најповолните за одгледување овошје, ни раскажа Сашо Кироски археолог и жител на село Лакочереј , едно од подрачјата каде најчесто се одгледуваат црешите.

Бидејќи црешата е со заштитена географска ознака според правилата мора да има еднаков квалитет во однос на големината и на бојата и да биде одгледувана со исти агротехнички мерки. Пакувањето да е во гајби на кои мора да стои националниот знак за заштитена географска ознака. Благодарение на квалитетните карактеристики на плодот од долгата шишка, Охридскиот регион е препознатлив по квалитетното производство на цреша.

Group of cherries in punnett

Сортата „охридска црна цреша“  е застапена  во помал обем, за разлика од сортата  „долга шишка“. Плодот е крупен, но поситен од „долга шишка“. Има привлечен изглед, карактеристично цврста и црна боја на , извонреден вкус и изразено убава арома.Главна карактеристика е тоа што таа е најдоцна економски, значајна сорта на цреша во државата, која зрее на крај на месец јули или август, и единствено е застапена во Охридскиот регион.

Одгледувањето на црешата во Охридскиот регион има вековна традиција. Црешата на овие простори, се претпоставува дека се одгледувала уште пред 1000 години.  Судејќи по записите од времето на Теофилакт, Климент Охридски освен што бил духовен просветител, бил и стравствен овоштар. Тој калемел диви овошки со сорти кои ги пренесувал од други краишта. Во Охридскиот басен постојат стари овошки, со огромни размери за кои никој не се ни сеќава кога се посадени, но веројатно е дека некои стебла се постари и од 200 години . Црешата се спомнува во многу народни песни, приказни, легенди, преданија и други елементи од фолклорот на овие простори. Речиси сите  запишувачи на македонски народни творби кои дејствувале во Македонија во 19- ти и почетокот на 20- ти век, ја споменувале црешата како неизбежен дел од народните обичаи.

Освен за свежа консумација, плодовите се користат за правење на позн

атото слатко од цреши во охридскиот реон, и во која форма и да ја конзумирате секогаш го чувствувате слаткиот вкус на ова сезонско овошје.

Кристина Алексиеска