Компанијата „Redefine meat“ од Израел ја претставила првата шницла направена во 3D печатач.
Во моментот кога светот бара што повеќе алтернативи за говетско место поради ефектот кој го има производството по човековата околина, разни замени за месо се наоѓаат на пазарот.
3D шницлата ја прави принтер, ред по ред, од комбинација на протеини соја и грашак, кокосово и сончогледово масло, како и зачини и боја за храна.
Поради овој единствен состав, шницлата изгледа како вистинска, содржи голем број на протеини и е без холестерол.
„Направивме револуција бидејќи до сега никој не успеал во 3D принтањето да направи месо кое изгледа вистински и вкусно е, идентично како вистинско месо. Анализиравме повеќе од 70 фактори кои го сочинуваат вкусот и текстурата на добра шницла и потребно ни беше две години да ја развиеме оваа технологија“, изјавил Ешкар Бен Шитрит, основач на компанијата.
Преземено од : mondo.rs