СП 2018: Јеро: По она што го направи Роналдо, не може да бидеме незадоволни од резултатот – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/18 9:29 AM

СП 2018: Јеро: По она што го направи Роналдо, не може да бидеме незадоволни од резултатот

Новиот селктор на Шпанија, Фернандо Јеро изрази задоволство по ремито со Португалија  во првиот меч од групата „Б“ на Светското првенство во Русија.

„Репрезентацијата се бореше. Ние не престануваме да веруваме, и ова е важно без оглед на околностите. Двапати ни поведуваа во резултат. По она што го направи Кристијано, не можеме да бидеме незадоволни од исходот“, рече наследникот на Хулен Лопети по натпреварот во Сочи.

Јеро додаде дека не го обвинува голманот Де Хеа и го пофали двојниот стрелец, Диего Кошта

„Де Хеа е еден од нас. Ние нема да обвинуваме никого. Диего Кошта настапи многу добро. Тој тренира добро и е генерално во добра форма“, заврши шпанскиот селектор.