Пејачката Викторија Лоба неодамна стана заштитно лице на нов бренд за костими за капење. По тој повод убавицата сликаше фотосесија во Охрид, а на снимањето на самиот едиторијал за влакно избегна фатална несреќа. Имено, една од конструкциите за малку ќе паднеше врз неа, а Лоба како вистински професионалец наместо да избега, се сврте и ја задржа истата.
Овој момент го „фати“ една од камерите, па видеото виртуелно се прошири на социјалните мрежи и е едно од најгледаните.
Интересно е и тоа што костимите носат имиња на острови, па така Лоба на себе го носи Миконос, Барбадос, Сејшели…