„Благој Ѓорев“ – единствен по заокружениот процес на производство на сончогледово масло – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 8:00 AM

„Благој Ѓорев“ – единствен по заокружениот процес на производство на сончогледово масло

Историските докази упатуваат на тоа дека aмериканските Индијанци одгледувале сончоглед и во денешна Аризона и Ново Мексико е познат уште пред  3000 години пред новата ера. Астеките сончогледот го нарекувале „Дете на Богот Сонце“.  Во Европа првото масовно историско производство на сончогледово масло се случило во 1835 година во тогашната Руска Империја. Денес Русија и Украина се најголемите производители на сончогледово масло.

Кога станува збор за Македонија, несомнено тоа е  фабриката за масло „Благој Ѓорев“ од Велес. Развојниот пат на Прехрамбената индустрија „Благој Ѓорев” АД од Велес започнува во 1923 година. Почнува како фабрика за масло и така работи до 1999 година, кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија, поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство.  Денес, пак, ПИ „Благој Ѓорев“ е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од оваа фабрика.

-За нас е особено значајно што „Благој Ѓорев“ е единствениот капацитет во Македонија кој има целосно заокружен процес на производство на сончогледово масло, од семе до финален производ, велат од „Благој Ѓорев“.

Но, сакајќи да го задржи високото место на пазарот и довербата на потрошувачите, која се пренесува од генерација на генерација, ПИ „Благој  Ѓорев” продолжи да се развива и да инвестира во производството на здрава и квалитетна храна. Нивното мото за успешност е „Квалитетот е наша обврска! Ваше е да се храните здраво!“.

Фабриката располага со:

  • Единствен капацитет во РМ за преработка на маслодајни семиња (сончоглед, репка, соја во зрно) од преку 50.000 тони годишно;
  • Цистерни за складирање 15.000 тони сурово масло;
  • Рафинерија за производство на 100 тони рафинирано масло дневно;
  • Линија за амбалажирање масло за јадење од преку 100 тони дневно;
  • Капацитет за производство на маргарин и други тврди масти од 7.000 тони годишно;
  • Производство на кондиторски производи (алва, локум, желе) од 1.000 тони годишно;
  • Производство на оцет (алкохолен, вински и јаболков)

Од таму велат дека засега располагаат со потребното количество суровини за одржување на континуитетот во производството, и додаваат:

„ Ние сме единствената компанија која го работи сончогледот на нашиот пазар и имаме доволно количество за одреден период. Планираме увоз на суровини за следниот период и тука очекуваме потешкотии, со оглед на новонастанатата ситуација. Сепак, напорно работиме за да нема поголем застој. Производството  е организирано во согласност со можностите и капацитетите, но и во согласност со препораките за безбедност донесени од Владата. Секако, се трудиме да им излеземе во пресрет на вработените. Дел од вработните се ослободени, меѓутоа производството треба да се одвива непрекинато, со искористување на досегашните капацитети. Па и покрај сè им остануваме достојни на потрошувачите, за да ги задоволиме нивните барања. Знаеме дека произведуваме еден од основните производи, велат од ПИ „Благој Ѓорев“ од Велес .

 

Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.