Земјотрес со епицентар длабоко во окенот го потресе индонезискиот остров Јава, но нема повредни ниту пак има пријава за материјална штета.
Според податоците на Американскиот геолошки институт, земјотресот бил со јачина од 6,6 степени со епицентар 94 километри до Батанга, градот на крајбрежјето на островот Јава, со длабочина од 528 километри.
Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика соопштила дека се почувстувал земјотрес со јачина од 6,1 степен кој предизвикал цунами. Жителите на ова место според првиот извештај почувстувале благ потрес на земјата.
Во Индонезија земјотресите и вулканските ерупции се честа појава. Во силниот земјотрес во Индонезија во океанот кој предизвика и цунами во 2004 година загинале 230.000 луѓе од неколку земји, но најмногу од Индонезија.