Брачна двојка од Истинка, мало руско село на 12 километри од Санкт Петербург, изгради во сопствениот двор бетонска реплика на Големата пирамида во Гиза.
Пирамидата на Андреј Вакрушев и неговата сопруга Викторија е 19 пати помала од египетската, која и’ беше инспирација. Висока е девет метри, а девет метри оди и во длабочина. Направена е од околу 400 тони бетонски блокови, пренесува „Индекс“.
Андреј и Викторија велат дека со години гоп роучувале дизајнот на Кеопсовата пирамида и ја посетиле повеќе пати за да направат детаљна реплика. Цел месец барале градежна фирма што ќе се нафати на изградба според инвните спецификации. На крајот, успеале да најдат, а за пирамидата морале доста да платат.
Како што пишува „Метро њуз“, Викторија рекла дека пирамидата може да го подобри имунитетот и оти штити од коронавирус. Оние што сакаат да ја искористат „лековитата и заштитна моќ на пирамидата“ ќе може да резервираат престој во неа, но за тоа ќе мора да платат помеѓу 3.500 и 10.000 рубли за ноќевање.