Жените се попосакувано друштво за мачките одошто мажите – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/18 8:41 AM

Жените се попосакувано друштво за мачките одошто мажите

Жените се попосакувано друштво за мачките одошто мажите – покажува новата студија на научниците од еден универзитет во Австрија.

На мачките е лесно да им се угоди. Ги храните, ги галите и веќе имате среќно домашно милениче. Иако и машките и женските членови на семејствата со мачки се подеднакво задолжени да го обезбедат се’ она што му  е потребно на миленичето. Мачките имаат свои фаворити меѓу сопствениците.

Нежен глас

Жените звучат посмирувачки, па дури и децата подобро реагираат на мекиот тон. Со ова, на жените им е многу полесно да воспостават комуникација со мачките.

Женски допир

Жените имаат помеки и понежни раце од мажите. Кога ги галат своите мачки, тоа го прават со допир кој на овие миленици им годи многу повеќе од машкиот. Ова пак, придонесува женските сопственички да изградат поцврста врска со мачките.

Мачките никогаш не би си дозволиле да ја занемарат својата хигиена. Тие сакаат чистота, нежност и грациозност, а овие особини според австриските научници, се многу слични на оние кои ги карактеризираат жените.