Сијамските близнаци со најдолг животен век до сега починаа на 4 ти јули на 69 годишна возраст.
Рони и Дони Галион од американската соседна земја Охио, родени се на 28 октомври 1951 година со споен абдомен.
Браќата во 2014 година, пред нивниот 63 роденден, беа сијамските близнаци кои живееа најдолго.
Властите навеле дека тие починале од природна смрт.
Уште како деца тие почнале да се појавуваат на карневал и во циркуси како атракција.
Нивниот брат Џим изјавил дека семејството со години живеело од нивните приходи.
Документарниот филм за браќата Галион телевизијата TLC го емитувала во 2010 година.