Време: Денеска освежување, од утре без дождови – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 5:50 AM

Време: Денеска освежување, од утре без дождови

Претпладне и околу пладне променливо облачно со локален дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. УВ=7. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Од следува сончево време, а од четврток и пораст на дневната температура, но со посвежи утра.