Време само за вас: Четири навики на луѓето кои секогаш имаат време за себе – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 9:22 PM

Време само за вас: Четири навики на луѓето кои секогаш имаат време за себе

„Потпишете договор“ со самите себе за да си посветите повеќе време. На овој начин ќе бидете поодморени и ќе се чувствувате посмирено. Во ова стресно и брзо модерно живеење, многу е важно да одвоите време за самите себе за да имате здрава психа. Понекогаш ова се чини невозможно, но сепак постојат навики кои ќе ве донесат до целта.

Кои се четирите навики на луѓето што секогаш имаат време за себе?

Се будат порано

Колку и да се чини тешко не е невозможно – разбудете се барем половина час порано од вообичаеното. Седнете, напијте се кафе без да размислувате. Не размислувајте за ништо, дури ни за дневните обврски кои се пред вас, бидејќи ова е одличен начин за релакција на умот. Уживајте во моментот на тишина.

Поставуваат граници во деловниот живот

Луѓето што умеат да постигнат сѐ, имаат навика да ја затворат вратата од канцеларијата, или да стават слушалки доколку работат во канцеларија со повеќе луѓе. На овој начин тие целосно им се посветуваат на своите работни задачи. Денес е модерно да се зборува за „мултитаскинг“ на работното место, но тој не секогаш носи добри резултати. Ако сакате да завршите повеќе работи одеднаш, тие ќе бидат завршени површно.  Подобро завршувајте ги работните задачи една по една.

Ја користат паузата за ручек надвор од работното место

Иако можеби мислите дека ручекот пред компјутер ќе ве направи попродуктивни, се лажете. Ова е идеална прилика да одвоите време за себе и да се одморите. Тоа е исклучително важно бидејќи така ќе се сосредочите на она што го јадете и ќе бидете посити. Независно од тоа дали може да одвоите петнаесетина минути или половина час за вашите интереси, важно е колку што можете да се исклучите и да го правите она шт ви причинува задовлство.

Прават договори сами со себе

Да се договорите нешто со самите себе може да биде тешко, иако се чини едноставно. Прво планирајте по малку – договорете се да се прошетате петнаесетина минути, оддалечете се од технологијата и уживајте во природа. Договорете се исто така, и дека плановите што сте ги направиле со самите себе мора да ги остварите.

 

Извор: ordinacija.vecernji.hr