Фенг шуи правила за привлекување на љубовта – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 9:00 PM

Фенг шуи правила за привлекување на љубовта

Постојат неколку работи кои може позитивно да влијаат на вашиот сексуален живот. Станува збор за фенг шуи совети кои ќе ви бидат од корист ако сте во потрага по сите оние начини кои водат кон повозбудливи сексуални авантури во вашата спална соба.

Топли бои

Светло розевата или небесно сината боја би можеле да ви бидат од помош доколку целите кон подобрување на сексуалниот живот. Имено, во вашиот простор треба да бирате топли бои, бидејќи тие се поврзуваат со еротската енергија. За почеток,  можете да ставите завеси во некоја ваква боја, или пак уште поедносавно – искористете неколку миризливи свеќи со соодветна нијанса.

Мек и чист кревет

Доколку сакате да доживеете неверојатни искуства во креветот, според фенг шуи,  вашиот кревет мора да биде чист, мек и удобен. Размислувајте за вашиот кревет како да е празно платно кое треба да го дизајнирате на начин што ќе доведе до поголема сензуалност.

Масло од јасмин

Пригушеното светло ќе и’ даде топлина на собата, но за да ја подобрите енергијата може да искористите и масло од јасмин. Во суштина, би можеле и да експериментирате со различни комбинации на етерични масла, за да видите која одговара најдобро за вас и вашиот партнер или партнерка.

Чист простор под креветот

Просторот под креветот е едно од најпопуларните места за чување на работите. Сепак, оваа пракса мже да ја блокира енергијата, така што ако веќе нема каде да ги ставите работите, тоа што ќе одлучите да го чувате под креветот нека биде нешто кое ќе го складирате едноставно и уредно.

Намален неред

Чистиот простор значи и бистар ум. Да ги одржите умот и срцето чист е од суштинско значење за поврзување со партнерот в кревет. Доколку имате многу предмети во спалната соба, преместете ги на друго место, а спалната соба претворете ја во скромно љубовно гнездо.

Простор од двете страни на креветот

Наместете го креветот така што ќе оставите доволно простор од двете страни за вас и за вашиот партнер. Неопходно е да имате удобен пристап до креветот. Ова ќе овозможи подобра енергија и простор за партнерство, што е од суштинско значење во фенг шуи светот.

 

Извор: zenskimagazin.rs