Луѓето кои спијат по помалку од осум часа делуваат помалку привлечно. Бледото лице, зацрвенетите очи и темните подочници се одбивни – утврдиле научниците од Шведска и Холандија. Едно друго кинеско истражување пак, покажало дека она што исто така ги прави луѓето помалку привлечни е непристојноста. Кои се останатите фактори што влијаат негативно на привлечноста на луѓето, прочитајте во продолжение:
Стрес
Стресот влијае на физичкиот изглед. Жените со високо ниво на кортизол (хормон на стресот) во истражувањата на оваа тема, биле оценети како помалку привлечни.
Недуховитост
Луѓето кои воопшто или пак многу малку имаат смисла за хумот се оценети како помалку привлечни – се наведува во истражувањето што го спровеле професори од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.
Мрзеливост
Привлечноста често се поврзува и со трудољубивоста, скромноста или подготвеноста да се помогне на некој друг.
Мирис
Во некои истражувања е докажано дека потенцијалните партнери што мирисаат слично или дури и премногу различно, се сметаат еден со друг за непривлечни.
Цигари и алкохол
Жените и мажите кои редовно пијат и пушат се помалку соодветни за долготрајни врски – сметаат белгиски научници.
Извор: dominomagazin.com