Кога е време за прв секс со новиот партнер? – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 8:11 PM

Кога е време за прв секс со новиот партнер?

Иако многу серии, филмови и модерни трендови поставуваат мноштво правила за тоа кога е идеално да спиете за првпат со новиот партнер, всушност не постои нешто што точно потврдува кога би требало да го направите тоа. На пример, некои парови се познаваат со години. Во текот на пријателството пред започнување на љубовната врска, тие научиле многу еден за друг, така што евентуалните правила кои се однесуваат на нив не би требало да важат за оние кои се во врска, но допрва се запознаваат.

Посебно е важно да го имате предвид фактот дека постојат луѓе за кои сексот и врската имаат многу поголемо значење, за разлика од оние кои сметаат дека сексот без љубов е сосема нормална работа. Првиот тип се луѓе кои вообичаено чекаат многу долго пред да се впуштат во сексуална авантура со новиот партнер, додека другите немаат проблем да почнат уште веднаш.

Заклучокот е дека нема правила.