Содата бикарбона е одлично средство за чистење на домот. Таа може да биде вистински избор кога сакате да ги елиминирате непријатните миризби или да го исчистите бигорот. Содата освен што чисти, не ја оштетува околината бидејќи таа е всушност, еколошко средство. При тоа, нејзината цена е ниска, така што можете да ја купите во мали ќесички, или пак во пакување од еден килограм.
За чистење на купатилото, содата може да ја употребите во комбинација со средство за садови. Нанесете ја оваа смеса на ѕидовите. Оставете ја да отстои и потоа измијте со топла вода. Ваквото средство може да го искористите и при чистењето на кадата. Сѐ што треба да направите е комбинација не само на содата со средство за садови, туку и со малку оцет. Потопете четка или сунѓер во ваквата смеса и тријте на местото што сакате да го исчистите. Содата е одлична за чистење и на одводните цевки. Во таков случај, прво треба да пуштите топла вода, а потоа само да ја додадете содата. Почекајте дваесетина минути и пуштете ја повторно топлата вода, која на овој начин ќе ја однесе целата нечистотија што се насобрала во цевките.
Кога ќе помешате сода бикарбона и оцет добивате смеса со која може да ги исчистите тавите и тенџерињата. Намачкајте ја смесата и оставете да отстои окoлу пола час. Доколку пак ја помешате содата со лимонтус ќе можете да го исчистите мијалникот.
Извор: dominomagazin.com