Домашните миленици го подобруваат животот – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 7:07 PM

Домашните миленици го подобруваат животот

Удоволувајќи им на своите миленици, напредувате во животот. Домашните миленици всушност им го подобруваат животот на нивните сопственици. Тоа се вика ефект на домашните миленици – објави Journal of Happiness Studies во чие истражување учествувале 104 сопственици.

Тие биле на возраст од 16 до 74 години и одговарале на прашања поврзани со односот кој го негуваат со своите миленици. Освен тоа, била прашувани и за проблемите, но и за задоволствата во нивниот живот.

Резултатите покажале дека сопствениците кои правеле повеќе за да ги направат среќни своите миленици, самите биле посреќни, бргу ги решавале своите проблеми и биле поблиски со милениците. Посветувањето повеќе внимание го прави односот поздрав, со што се зголемува радоста и кај сопственикот и кон миленикот.

Истражувањето покажало дека кога се дружеле со својот миленик, се позадоволни. Оние пак, кое земаат куче на пример само за да биде чувар на нивната куќа, не може да ги уживаат истите придобивки како претходно споменатите сопственици.

 

Извор: dominomagazin.com