Треба ли да „копаме“ по минатото – зошто не’ интересираат порнешните врски на нашите партнери? – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/20 9:52 PM

Треба ли да „копаме“ по минатото – зошто не’ интересираат порнешните врски на нашите партнери?

Дали таа беше подобра љубовница од мене? Дали тој беше повешт во креветот од мене? Колку често имавте секс? Ова се само дел од прашањата кои луѓето чувствуваат потреба да им ги постават на своите сегашни партнери и партнерки. Сметам дека тоа се сосема нормални човечки прашања и не треба да се срамиме од тоа или да чувствуваме вина – вели Хрватката, Марина Крлежа која го основаше сајтот сексотека.

Некои луѓе сметаат дека минатото треба да остане во минатото. Тоа е легитимно размислување, но Крлежа вели дека никогаш не се согласувала со тоа.

Во основно и во средно училиште, како и додека бев на факултет, научив дека историските сознанија ни помагаат подобро да го разбереме светот. Дури откако ќе го разбереме концептот на преживување во минатото, ние ќе можеме да разбереме зошто сме овде сега такви какви што сме, не само како поединци туку и како цивилизација воопшто – додава таа.

За Крлежа, минатото е важен дел од еден човек. За да бидеме спокојни, треба да го прегрнеме сопственото минато и да имаме оптимизам за иднината, независно од нашата возраст. Учете од минатите искуства, за да изградите подобри во иднина. Едноставно – бидете упорни во тоа да создадете подобра верзија од себе.

Луѓето може да имаат секакво минато – лесно или тешко, односно среќно или болно. Многумина не се свесни за тоа колку среќа имале, додека пак други, знаат дека по тешкото минато ништо веќе нема да може да ги скрши. Има луѓе кои со сопственото минато не знаат да се носат, а има и такви на кои минатото им помага подобро да се запознаат самите себе. Луѓето понекогаш ги испрашуваат своите сакани за нивното минато и како што вели Крлежа, таквата отворена комуникација е клуч за секој добар однос. Исто така, нашите сакани  во таквите ситуации треба да бидат целосно отворени и искрени. Овде постои и можноста да слушнеме одговори кои нема да ни се допаднат, но тоа е цената на вистината, која каква и да е, е многу поконструктивна за долгорочноста на врската, отколку полавистината. Вистината претставува морално-етички императив за секоја врска, не само за љубовната.

Ако некој вистински го почитуваме и сме спремни да вложиме во односот со него, тогаш мора да го прифатиме и неговото минато. Ако не го можеме тоа, можеби треба да почнеме да размислуваме за оддалечување од таквата личност. Полесно и поедноставно е да бидеме со некој кој ќе го прифатиме таков каков што е, отколку со некој на кој ќе му наоѓаме забелешки за минатото. Ваквото критикување може да предизвика и караници во врската, или пак себеобвинување.

Кога ќе го прифатиме туѓото минато такво какво што е, ништо нема да може да не’ изненади. Но за да го прифатиме минатото, треба и да знаеме нешто за него. Новопечените парови особено треба да разговараат за нивните врски од минатото, да се интересираат за она што ги правело посебни и за она што потоа ги направило нефункционално. За разлика од мажите, жените се повнимателни  слушатели кога станува збор за минатото. Често се случува во врската на едната личност минатото да и биде многу важно, а на другата воопшто. Првите во ваквите ситуации се обично жени. Во просек жените се пољубоморни и почувствителни. Интересн е тоа што нив понекогаш многу  повеќе ги интересира туѓото отколку нивното минато. Ако не сакате да разговарате за тоа, можно е од нешто да се срамите. Ако пак се срамите од нешто, постои можност да имате несигурност во себе, што не се вклопува во концептот на квалитетен љубовно-сексуален однос.

Понекогаш, во моментите на несогласување со саканиот или саканата, имаме потреба со носталгија да се сетиме на добрите работи во претходните врски, иако мнгу добро знаеме дека завршиле со причина. Тоа е исто така човечко, но е непотребно. Поранешните врски на нашиот партнер или партнерка не’ интересираат затоа што не сакаме минатото да ни се повтори. Сакаме да се заштитиме од сите претходни неуспеси и да се подготвиме да не останеме разочарани или повредени. Жените во просек се поинтуитивни оа полесно претчувствуваат одредени избори. Мажите можеби подобро знаат што сакаат, но жените дефинитивно подобро претчувствуваат што не сакаат во своите сегашни или идни однси. Минатото е важно бидејќи од него учиме.  Не двоумете се да разговарате со сегашниот партнер за поранешните партнери – бидете искрени во однос на прашањата за тоа што ви се допаѓало, а што не. На тој начин, партнерот ќе ве запознае преку вашето минато

Да знаете нешто повеќе за минатото на партнерот или партнерката, може да ви помогне да имате поквалитетна сегашност. Кога ќе дефинирате што ви пречи ќе имате и поздрав простор за напредок.

 

Извор: femina.hr