Дури и кога сакаме да научиме нешто за самите себе, нам ни е потребна интеракција со другите. Луѓето со кои сме најмногу поврзани се и нашите најголеми учители. Тие ни носат среќа и задоволство, но може да донесат и лутина во нашиот живот, бидејќи за нив и за најмногу се грижиме. Дали ви се познати ситуациите кога не се согласувате со некој, а сепак и понатаму неизмерно многу го сакате? Законот на привлекување без наша волја отсекогаш бил присутен, а неговото толкување вели дека ни се случува токму она што го привлекуваме со мислите. Ако размислуваме за нешто позитивно дваесетина секунди, тоа со себе повлекува друга слична мисла. Истото се случува и со негативните мисли, па затоа на љубовните кавги треба да гледаме како нешто што конструктивно може да влијае на сексуалниот живот. Кавгите треба да се третираат како појава од која и двајцата партнери ќе излезат како подобри луѓе и истото тоа, да се искористи како еден нов и поубав почеток.
Зарем не би било мудро секоја кавга да се третира како вовед во нов сексуален чин?
Да се потсетиме што се случува со телото кога се лутиме – се зголемува нивото на кортизол. Се забрзува работата на срцето. Кога сме во адреналинска состојба, расте и телесната температура па почнуваме да се потиме. Значи, физичките знаци се речиси идентични со оние како кога имаме секс. Во тие моменти корисно е да се соочиме со она што ни се допаѓа и ситуацијата да ја искорисиме за нешто полезно. На пример, кавгата треба да ја прекинеме пред да кажеме во афект некои зборови за кои подоцна ќе се каеме и работите треба да почнеме да ги гледаме низ сексуална призма. Предизвикајте се самите себе! Ако немате доволно енергија за такво нешто, едноставно оддалечете се додека не ви пројде лутината, бидејќи сексот по кавга и онака има компонента која ќе го направи повозбудлив од вообичаениот секс.
Дали интензитетот на кавгата е пресуден за страста?
Долгорочниот мир и среќата се мит во секој однос, па затоа е од исклучително значење да најдете партнер или партнерка што навистина ќе умее да ве возбуди. Ако сте со некој само затоа што е добар, но е здодевен, тоа би можело да биде проблем само по себе, затоа и треба самите да се запрашате што точно сакате во врската?
Некои љубовни кавги се пократки, други траат подолго. Кај некои парови кавгите се по петнаесет минути, а други може да траат подолго. И во едниот и во другиот случај, важно е да извлечете поука и да гледате на тоа како на едно ново искуство. Краткорочната лутина понекогаш може да биде корисна, но од друга страна, долгите и честви кавги не се добри за здравјето. За духовен мир и за исполнет сексуален живот од пресудна важност се задоволството и среќата бидејќи со нив се поттикнува хедонистичкиот начин на живот.
Кавгите ги поттикнуваат луѓето на поместување на сексуалните граници
Постојат луѓе кај кои кавгите создаваат како емотивен, така и духовен немир, што секако не е за осуда. Меѓутоа, полесно им е на оние го користат сексот за да се ослободат од стресот. Во текот на кавгата се активира страв од непознатото кој дополнително го поттикнува адреналинот. Иако крајниот исход од кавгата не можеме да го знаеме однапред, едно е сигурно – кога ќе посакаме некој телесно во ваква ситуација, спремни сме да ги поместиме нашите сексуални граници, односно да воведеме нешто ново во сексот. Отсуството на допирот од партнерот или партнерката ја поттикнува фантазијата. Во таков случај, луѓето почнуваат да ги замислуваат своите сакани во сценарија кои никогаш претходно не ги доживеале. Во прилог на ова одат и новите теории од законот за привлекување според кои, единственото нешто што мора да го направиме за да ни се остварат позитивните мисли и да се чувствуваме добро е да не дозволиме негативни дистракции. Кога го сакаме најдоброто за нас, тогаш и нашите сакани добиваат една возбудлива димензија. Уживајќи во сопствениот позитивизам, ќе можеме повеќе да ги почувствуваме задоволствата што тој ни ги носи, вклучувајќи го тука и сексот.
Извор: femina.hr