Летото и летните жешки температури на гости ни ги носат здодевните комарци кои со себе ги носат и непријатните убоди, кои предизвикуваат непријатно чешање.
Тешко е да се спасиме од здодевното зуење и чешање, посебно доколку седите во зеленило и некое влажно место каде тоа им е природно најудобна средина.
Еве како може да ги избркате комарците со едноставен и домашен рецепт. Она што ви е потребно е масло за јадење, 9% киселина и шампон.
Добро измешаје ги овие состојки се додека не добиете бела пена. Ставете ја мешавината во шишенце со прскалка и слободно прскајте на тело.
Оваа мешавина делува затоа што киселината ги одбива комарците, шампонот го покрива непријатниот мирис од киселината, а маслото е база на секоја крема и спреј за тело.