Легендата вели дека уште од многу одамна, во битолското село Меџитлија, водата била единствена и специфична по многу нешта. Преданијата раскажуваат за лековитите својства на оваа вода, во кои уживала турската војска. На длабочина од 400 метри, од извор стар повеќе од 3.200 години, многу години подоцна, во 1953 година, оваа вода почнала да се полни во зелени стаклени шишиња и стана првата македонска флаширана вода.
„Пелистерка“ станува синоним за газирана вода, богата со природни минерали, потребни за баланс во вашиот организам.
Бизнис историјата, пак, вели дека Друштвото за производство и трговија „Пелистерка“ АД Скопје, е основано со трансформација на претпријатието во општествена сопственост на Агроиндустрискиот комбинат „Лозар“. Низ годините, компанијата минува неколку реорганизации, за да во 2001 година со трансформација на општествениот капитал во приватен АИК „Лозар“, Битола се трансформира во приватно Акционерско друштво со 100% акционерски капитал под името Друштво за производство и трговија „Лозар Пелистерка“ АД Скопје. Во 2010 година „Лозар Пелистерка“ АД Скопје го промени името во „Пелистерка“ АД Скопје.
Во битолското село Меџитлија, компанијата денес брои повеќе од 200 вработени и располага со фабрика опремена по највисоки светски стандарди, Управна зграда во Скопје, магацински простор во кој што е сместена и дистрибуцијата и магацински простори за дистрибутивните центри во сите поголеми македонски градови. Во 2008 година, „Пелистерка“ почнува производство на газирани и негазирани сокови. Во 2009 година го воведува системот за контрола на квалитет ИСО 9001/2008 и ХАЦЦП. Истата година, од производствениот погон излегува и „Пелистерка“ негазирана под името- обична.
Основната дејност на „Пелистерка“ е производство на природно газирана и природна минерална вода. Почнувајќи од 1953 година па се’ до денес, „Пелистерка“ е синоним за газирана вода. Подоцна, компанијата своето портфолио го збогатува и со „Пелистерка“ негазирана. Последните десетина година, од производствените погони на оваа компанија излегуваат уште неколку производи со потписот на „Пелистерка“ и тоа:
-Газирани: Пелистерка Кола, Пелистерка Оранж, Пелистерка Газоза, Пелистерка Тоник, Пелистерка Битер, Пелистерка Мохито;
-Негазирани: Свит Мулти и Свит Портокал;
-Ладни чаеви: Пелистерка ладен час со вкус на нане, праска и лимон.
„Пелистерка“ е македонска вода, која на нашите трпези наоѓа место повеќе од 65 години. Најпрво нашите дедовци и баби, подоцна нашите родители, а денес и ние. Секоја генерација има своја причина зошто ја сака „Пелистерка“. Некогаш тоа била силната газираност и меурчињата на газираната, денес можеби е „смиреноста“ на негазираната или пак практичната ергономска амбалажа и на двете. Но, без оглед на тоа за кој производ ќе се одлучат, она што е заедничко за сите нив е основната и главна состојка. Вода од извор длабок 400 метри, од срцето на националниот парк „Пелистер“. Вода која што се полни во погони по највисоки светски стандарди и нема никаков допир со надворешноста. Вода чиј состав е идеален за баланс на вашиот организам. И вода за чие што производство, компанијата вработува повеќе од 200 луѓе. Се труди секогаш навреме да ги сервисира обврските кон своите вработени, но и кон своите добавувачи кои што се уште една силна алка во овој синџир. Од друга страна пак, „Пелистерка“ како компанија секогаш била верен поддржувач на спортот, македонскиот филм, културата, музиката, уметноста. Купувајќи „Пелистерка“, купуваме можност спортистите, актерите, уметниците.., повторно да ги полнат спортските сали, тетари, кина. Купуваме можност со заеднички сили да ја одржиме на нозе кревката македонска економија и општественото живеење на кое што сите ние сме навикнати.
-Ковид -19 или корона кризата, која што ја зафати Македонија исто онака како што го зафати и остатокот од светот, беше и се’ уште е голема лекција за нас. Во услови какви што ни „обезбеди“ пандемијата, нашите ресурси ги насочивме кон онлајн продажба. И пред Ковид -19, нашите производи се доставуваа до дома. Но, во време на криза, го поедноставивме начинот за нарачка и го оптимизиравме времето на достава на производите. Нашите тимови, заштитени според препораките на СЗО, за помалку од 24 часа, нарачаните производи ги носат на домашна адреса. Со оглед на тоа дека нашите најголеми потрошувачи (кафеани, ресторани, кафулиња и дискотеки) беа сосема затворени, нашата главна преокупација беа маркетите. Брза, навремена, сигурна и по цена достапна за сите, достава на нашите производи до сите маркети во државата. Короната опфати голем дел од празниците за кои што вообичаено потрошувачката е поголема. Сакајќи да им излеземе во пресрет на нашите потрошувачи (меѓу нив има и такви кои што од кризата излегуваат со загубени работни места, намалени приходи и сл), во тие периоди најголем дел од нашите производи беа со акциски цени, велат од „Пелистерка“.
Од компанијата додаваат дека за разлика од многу други компании кои што слично како и ние беа погодени од кризата, производите на Пелистерка доколку не беа со намалена акциска цена, беа со цена иста како и пред да се случи пандемијата.
Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.