Пијанечкиот регион под вода – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/20 4:49 PM

Пијанечкиот регион под вода

Силно невреме проследено со грмежи денеска во попладневниот период од денот го зафати Пијанечкиот регион. Најмногу дожд како што јавуваат жители наврна во село Бигла каде дел од регионалниот пат Делчево – Виница е под вода.

– Невремето беше краткотрајно и за неполн час успеа да направи проблеми на возачите кои возеа по полни со вода коловози. Од обилниот дожд набрзина дотекоа водотеците во блиските ендеци што предизвика краток прекин во сообраќајот, бидејки возачите чекаа да престане дождот, информираат жители на селото.

За среќа како што додаваат немало врнежи од град, поради што мештаните поминале без штети по своите посеви кои се пред жетва.

Обилен дожд имаше и во останатите предели во Пијанец, поради што од ,,Македонија пат” апелираа да се вози внимателно на патниот правец Делчево – М.Каменица.

– На овој патен правец се можни одрони поради дождот, па затоа е пожелно внимателно возење поради одбегнување несакани последици. Ситни одрони кои беа забележани на патниот правев Пехчево – Делчево веќе се исчистени и движењето по овој патен правец се одвива без проблеми, велат од Македонија пат.

Поради влажните коловози надлните од претпријатието додаваат сепак да се вози внимателно со прилагодување на брзината на возилата.