Властите во северниот кинески регион Внатрешна Монголија се во состојба на готовност откако е откриен потенцијалниот случај на „бубонска чума“, болест што ја предизвика пандемијата на „Црна чума“, јавува Си-Ен-Ен.
Првиот случај е откриен во градот Бајанур, северозападно од Пекинг, наведува државната новинарска агенција Ксинхуа, а локалната болница ги предупредила властите во таа покраина за појава на болсета во саботата.
Власите издале предупредување од трет степен за да спречат евентуална пандемија.
Предупредувањето ќе остане во сила до крајот на годината, пренесува Ксинхуа.