Во рамките на проектот кој заеднички го спроведува германската војка и Фондацијата на Ветеринарни факултети во Хановер стручни лица обучуваат кучиња во Центарот за обука на кучиња во градот Улмен со цел од човечка плунка да можат да детектираат присутво на корона вирус.
Во обуката учествуваат вкупно десет кучиња – германски овчар, кокер шпаниел и ретривер.
Идејата за прокетот се појавила од таму што овие кучиња освен што се користат да откријат експлозив или дрога од молекуларниот состав на мирисот, туку и да почувствуваат разни видови на тумор и хипогликемија кај дијабетичарите.
Германските истражувачи, вклучувајќи го и ова истражување, оптимистрички се во очекувањата на позитивниот исход на проектот.
Од Центарот за обука на кучињата велат дека се оди според планот и дека проектот се спроведува успешно, напоменувајќи дека доста конкретни резултати ќе имаат веќе наредната недела.
Најмалку 300 германски војни кучиња ширум светот се користат за откривање на експлозив, дрога и мински средства.
Како што покажале две научни студии, постои ризик дека можно е и кучињата да се инфицираат иако тоа е многу редок случај, а исто така и домашните миленици може да се заразат со вирусот преку луѓето.
Освен во Германија, кучиња се обучуваат и во САД, Финска и Велика Британија за да откријат ковид позитивни луѓе. Освен по пат на плунката, вирусот може да се детектира и по пат на урина и пот.
Преземено од: http://ba.n1info.com/