Скопјанец починал по убод од стршлен – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/20 3:25 PM

Скопјанец починал по убод од стршлен

Четириесет и деветгодишен скопјанец е пронајден мртов  од страна на Итната медицинска помош во неговиот стан. Наводно починал од убод од стршлен.

,,На 05.07.2020 во 17.00 во Полициската станица Карпош, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека околу 16.30 часот во својот стан на ул.„Никола Русински“ бил пронајден починат М.Т.“ информираат од МВР.

На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека претходно добила повик од мажот кој и кажал оти го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила полицијата, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.