Во четиридневната акција на штипската полиција (03/04/05/06.07.2020) за контрола на возачите на мотоцикли, откриени се 46 возачи кои не носеле заштитен шлем. Сообраќајната полиција констатирала 113 прекршоци, од нив: 17 без возачка дозвола – потврда, 7 нерегистрирани, 7 без полиса за осигурување, 2 за неносење возачка дозвола и 33 останати прекршоци.
– На сите сторители на прекршоците издадени им се прекршочни платни налози и записници за сторен сообраќаен прекршок. Привремено се одземени 3 мотоцикли без соодветна документација, соопштина од СВР Штип.