Гугл Плеј ќе враќа дел од парите ако корисниците купиле погрешна апликација – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/18 2:48 PM

Гугл Плеј ќе враќа дел од парите ако корисниците купиле погрешна апликација

Гугл“ воведува опција за делумно враќање на платените од корисниците средства за купувања и претплати во мобилните апликации. Според „xda-developers“ самите програмери веќе ќе можат да воведат процентна вредност за наплата на дел од платeнaта сума во некоја игра или апликација.

Гугл ќе откријат дополнителни детали како ќе работи функцијата и дали ќе ги покрие сите методи за плаќања во Гугл Плеј. Засега се знае дека делумното враќање ќе важи само за купувања направени по март 2018-та.