„Кој се зарази со корона добива отказ!“: Скандалозно предупредување во бањалучки супермаркет – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/20 9:02 AM

„Кој се зарази со корона добива отказ!“: Скандалозно предупредување во бањалучки супермаркет

Во еден бањалучки супермаркет осамна заканувачко предупредување до работниците – кој се зарази со коронавирусот ќе добие отказ, пренесува РТРС.

Анонимни пријави стигнале до синдикатите и до републичките инспектори, кои најавуваат излегување на терен.

„Сите кои ќе се заразат со вирусот, нема да бидат платени, ќе се прогласат за непотребни за работа и ќе добијат отказ“, пишува во сооштенито што осамнало на огласната табла на еден од бањалучките маркети на трговскиот синџир „Ас“.

РТРС пренесува дека предупредувањето наводно го напишал еден од шефовите и тоа самоволно, без одобрение на управата.

„Во конкретниот случај, без утврување на одговорност на работникот кој се заразил од корона, не може да има прогласување на работникот за непотребен за работа или неплаќање на привремена спреченост за работа“, велат од Министерството за труд на Република Српска.