Чави Ернандез го продолжи договорот со Ал Сад – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/20 5:11 PM

Чави Ернандез го продолжи договорот со Ал Сад

Некогашниот фудбалер и капитен на Барселона, Чави Ернандез, го продолжи договорот со својот клуб Ал Сад и со тоа ги отфрли сите шпекулации за потенцијалното враќање како тренер во каталонскиот клуб.

Според шпанските медиуми, по отпуштањето на Ернесто Валверде, челниците на Барелона стапиле во контакт со Чави и се обиделе да го доведат освојувачот на европската и светската титула со репрезентацијата на Шпанија на кормилото, но двете страни не успеале да се договорат.

-Не знам зошто луѓето мене ме гледаат како иден тренер на Барселона, но во секој случај јас сум горд на тоа и ми се допаѓа. Сега јас се остварувам како тренер и во следните години можам да се замислам како стојам на клупата на Барселона, изјави Чави во јануари годинава.

Барселона по заминувањето на Луис Енрике, има проприличен проблем со менаџерите и се чини дека не можат никако да изнајдат соодветна негова замена.